Тајани: Има можност Македонија да го реши спорот за името
![Тајани: Има можност Македонија да го реши спорот за името](https://gdb.rferl.org/E1585E9F-8E03-4280-B38F-39DAF090378B_cx0_cy10_cw0_w800_h450.jpg)
Има можност Република Македонија да го реши спорот со името и наскоро да ги почне преговорите за членство во ЕУ, оцени претседателот на Европскиот Парламент Антонио Тајани. Тој рече дека земјата има направено значаен напредок и дека е оптимист во однос на спорот за името и можноста за почеток на пристапните преговори.
Тајани во пресрет на утрешната негова официјална посета на Србија рече дека Србија и Црна Гора може да бидат подготвени во 2025 да станат дел од ЕУ како што предвидува Стратегијата за проширување во ЕУ, која треба да биде објавена на 6 февруари во Стразбур.