Бразил оствари економски раст после три години
Бразилската влада соопшти дека за прв пат после три години, бразилската економија остварила раст со помош на добрите резултати на стопанскиот сектор. Владината статистичка служба соопшти дека бруто домашниот производ се зголемил за еден отсто после падот од 3,5 проценти во последните две години. Статистичките податоци покажуваат дека растот од 13 отсто во земјоделскиот сектор најмногу влијаеле на вкупниот економски раст. Приносите на жито се зголемени за 55,2 отсто, а на соја за 19, 4 отсто повеќе.