Мы в Telegram
Добавить новость
103news.com
World News in Macedonian
Март
2018

Новости за 30.03.2018

Димитров и грчкото МНР демантираат дека Македонија прифатила уставни измени

SlobodnaEvropa.mk 

Процесот за спорот за името е во деликатна фаза и шпекулациите од одредени медиуми се штетни, јас стојам на моето јавно соопштение и ја информирам јавноста дека не сум дал дополнителни неформални изјави, објави вечерва на Твитер македонскиот министер за надворешни работи Никола Димитров.  По завршувањето на средбата во Виена и изјавите на медијаторот Метју Нимиц и министрите за надворешни работи на Македонија и Грција, Никола Димитров и Никос Коѕијас, грчкото МНР излезе со соопштение во кое демантираше... Читать дальше...

„Крвавиот четврток“ и името - топ теми во неделниците

SlobodnaEvropa.mk 

Груевски сосе обезбедувањето беше во Виена за време на упадот во Собранието, наредбата значи стигнала преку „Виена колинг“, пишува неделникот Фокус. Капитал објавува интервју со поранешниот шеф на грчката дипломатија, Евангелос Венизелос.

Русија протера дипломати на 23 земји, меѓу нив Македонија

SlobodnaEvropa.mk 

Русија им предаде протестна нота на амбасадори на 23 земји, кои протераа руски дипломати поради случајот Скрипал, а како одговор исти број на дипломати од тие земји, кои работат во дипломатски мисии во Русија, се прогласени за персона нон грата, соопшти денеска руското Министерство за надворешни работи. Претходно, руското Министерство за надворешни работи соопшти дека денеска повикале 30 амбасадори од земјите кои протераа руски дипломати поради труењето на поранешниот двоен шпион Сергеј Скрипал во Британија... Читать дальше...



Десетици Палестинци загинати за време на протестот во Газа

SlobodnaEvropa.mk 

Десетици Палестинци се убиени и стотици се повредени во судирите со израелските војници по должината на границата меѓу Израел и Газа, соопшти палестинското Министерство за здравство. Од Министерството наведуваат дека меѓу повредените на 30 март има демонстранти кои биле погодени од гумени куршуми и со солзавец. Палестинците во појасот Газа започнаа шестнеделен протест во близина на израелската граница, а бараат на палестинските бегалци да им биде дозволено да се вратат на територија која е сега под контрола на Израел. Читать дальше...

Коѕијас: На следната средба се надеваме на голем чекор

SlobodnaEvropa.mk 

Ги забележавме деталите, што е она за што се согласуваме, а за што не се согласуваме. Ги имаме одбележано главните прашања за секоја страна и се надевам дека на нашата следна средба ќе бидеме подготвени да направиме еден голем чекор, изјави грчкиот министер за надворешни работи Никос Коѕијас во изјава за грчките медиуми, пренесува МИА.  Тој истакна дека паралелно со разговорите за името е направена и позитивна агенда идна соработка на двете држави доколку „како што се надевам“ се реши името.

Тешките прашања остануваат, преговорите за името продолжуваат

SlobodnaEvropa.mk 

По повеќечасовната средба на шефовите на македонската и грчката дипломатија Димитров и Коѕијас со медијаторот Метју Нимиц во Виена, Нимиц оцени дека има напредок, но и потешкотии кои треба да се надминат. Димитров рече дека се разговарало за целиот пакет прашања, а напредокот го оцени како условен.

Димитров: Направивме условен напредок, доаѓаме до тешките прашања

SlobodnaEvropa.mk 

Разговаравме за сите отворени прашања, за целиот пакет, можам да кажам дека направивме условен напредок, бидејќи како одиме напред така доаѓаме и до тешките прашања, изјави во Виена министерот за надворешни работи на Македонија Никола Димитров по денешната средба со шефот на грчката дипломатија Никос Коѕијас и медијаторот на ОН Метју Нимиц. „Мислам дека и од нашата страна и од нивната страна имаме доста за размислување и за мерење. Работевме по логиката што е тоа што е најважно за Република Грција... Читать дальше...

Нимиц: Треба да се решат тешки прашања, но постои позитивно чувство

SlobodnaEvropa.mk 

Имавме средби цел ден и тоа беше продуктивен состанок, што ме наведува да бидам оптимист за иднината, изјави денеска медијаторот на ОН Метју Нимиц по денешната средба во Виена со министрите за надворешни работи на Македонија и Грција, Никола Димитров и Никос Коѕијас. Нимиц рече дека додека траела нивната средба, биле одржувани и паралелни средби на дипломати и експерти од двете земји, кои како што рече, работеле на помалку контроверзните аспекти од договорот, со фокус на иднината на односите меѓу двете земји. Читать дальше...



Во јавниот сектор вработени околу 139 илјади лица

SlobodnaEvropa.mk 

Министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски на денешна прес-конференција изјави дека бројот на вработени во јавниот сектор изнесува 139.009 во 1304 институции согласно состојбата до 31 декември минатата година. Тој презентирајќи го годишниот извештај од Регистарот на вработени во јавниот сектор посочи дека најмногу вработени има во секторите образование и здравство. Во поглед на половата застапеност во јавниот сектор 54 проценти се жени, а 46 отсто се мажи.

Русија ги повикала амбасадорите на земјите кои протераа дипломати

SlobodnaEvropa.mk 

Руското министерство за надворешни работи соопшти денеска дека повикале 30 амбасадори од земјите кои протераа руски дипломати поради труењето на поранешниот двоен шпион Сергеј Скрипал во Британија со цел да им дадат известување за одговорот на Москва. Портпаролот на Кремљ, Дмитри Песков изјави дека земјата била принудена да се одмазди по протерувањето на повеќе од 150 руски дипломати. Британија ја обвинува Русија дека е одговорна за нападот на Скрипал и неговата ќерка Јулија со нервен гас што предизвика... Читать дальше...

Чавков не бил во куќниот притвор затоа добил притвор

SlobodnaEvropa.mk 

Претседателот на Кривичниот суд, Иван Џолев на денешниот брифинг со новинари посочи дека била донесена одлука за изрекување притвор на поранешниот министер за внатрешни работи Митко Чавков, бидејќи по извршени две контроли на локацијата одредена од Врховниот суд за куќниот притвор тој не бил пронајден. На Чавков по жалбата до Врховниот суд мерката притвор му беше заменета со куќен притвор.  Според Џолев, Чавков самоволно одлучил каде ќе ја издржува мерката куќен притвор и тоа да биде на друга локација. Читать дальше...

Бугарија нема да протера руски дипломати ќе одржува дијалог со Москва

SlobodnaEvropa.mk 

Бугарскиот премиер Бојко Борисов изјави денеска дека неговата земја не планира да протера руски дипломати поради труењето на поранешниот двоен агент Сергеј Скрипал во Англија. Според него, Бугарија која претседава со Европската унија, треба да одржува отворен дијалог со Русија, во момент на тензични односи меѓу западните земји и Москва. Тој порача дека Бугарија изразила солидарност со ЕУ и НАТО сојузниците, со тоа што го повикала на консултации својот амбасадор во Москва, а за воведување на мерки потребни се дополнителни докази.

Заев со Ахмети разговарал за името и за владината коалиција

SlobodnaEvropa.mk 

Премиерот Зоран Заев на денешната прес-конференција изјави дека на вчерашната средба во Собранието со лидерот на ДУИ Али Ахмети станало збор за проблемот со Грција, очекувањата од денешните случувања во Виена и за проширувањето на владината коалиција. Заев порача дека на Владата и треба постабилно парламентарно мнозинство зашто следуваат сериозни одлуки за Македонија. Одговарајќи на новинарски прашања, тој истакна дека до 10 април очекува да бидат именувани замениците-министри на испразнетите места... Читать дальше...

Убиени тројца Палестинци во судири со израелската војска

SlobodnaEvropa.mk 

Палестинското министерство за здравство соопшти дека три лица биле убиени, а 365 повредени во судирите со израелски војници на границата меѓу Појасот Газа и Израел. Според министерството, дел од повредите биле нанесени од гумени куршуми а дел од солзавец. Палестинците во Појасот Газа планираат да започнат протест со шатори во траење од шест недели во близина на границата со Израел на кои ќе бараат на палестинските бегалци да им се овозможи да се вратат дома. Израелската војска го зголеми обезбедувањето на границата. Читать дальше...

Чешка екстрадирала руски хакер во САД

SlobodnaEvropa.mk 

Чешкото министерство за правда потврди денеска дека го екстрадирале рускиот хакер Јевгениј Никулин во САД. Никулин е обвинет за хакирање на големи интернет компании вклучително Линкедин и Дропбокс во 2012 и 2013 година. Тој се соочува со казна затвор до 30 години доколку биде осуден во САД. Неговиот случај предизвика меѓународно внимание кога и Русија побара негова екстрадиција. Никулин во Русија се бара за наводна вмешаност во онлајн кражба на околу 2000 долари во 2009 година.

Шеќеринска: Сакаме добри односи со Русија и инвестираме во нив

SlobodnaEvropa.mk 

Вицепремиерот и министер за одбрана Радмила Шекеринска истакна денеска дека изјавите што ги добиваат од Русија во последно време не се позитивни, меѓутоа не се ни изненадување, особено по минатогодишниот став дека земјата има одредено мислење за стратешките цели на Македонија. Таа по посетата на Воено-медицинскиот центар во Скопје порача дека Македонија сака да има добри односи со Русија и инвестира во нив, но одлуката за стратешките цели ја носат властите.

Харадинај им даде отказ на првите луѓе во косовската полиција

SlobodnaEvropa.mk 

Косовскиот премиер Рамуш Харадинај го отпушти министерот за внатрешни работи и шефот на тајната полиција по апсењето на шест турски државјани и нивна депортација во Турција. Харадинај изјави дека не бил информиран за операцијата за депортација на турските државјани, кои беа вчера уапсени, бидејќи работеле во училишта поврзани со турскиот проповедник Фетула Ѓулен кој живее во САД и кој е обвинет за неуспешниот обид за државен удар во Турција од пред две години.

Коѕијас се надева на позитивни чекори за името

SlobodnaEvropa.mk 

Грчкиот министер за надворешни работи Никос Коѕијас пред денешната средба со неговиот македонски колега Никола Димитров и медијаторот на ОН, Метју Нимиц кусо во изјава за новинарите изрази надеж дека ќе бидат постигнати позитивни чекори во разликите за спорот за името. Средбaтa се oдржувa вo прoстoриите нa министерствo зa нaдвoрешни рaбoти нa Австријa. Димитров и Коѕијас, во пресрет на средбата со посредникот на ОН, како и минатиот пат, разговорите ги почнаа со неформална работна вечера. Позицијата... Читать дальше...

Прогресивниот данок ќе предизвика даночна евазија

SlobodnaEvropa.mk 

Мерката за прогресивно оданочување може да влијае дестимулативно за луѓето кои во земјава заработуваат повеќе, коментираат економски екперти. Тие најавената мерка ја оценуваат како популистичка, со која е можно преселување на приходите надвор од државата.


Музыкальные новости
Наташа Королёва

«Уже поперек горла стоит»: Пригожин поддержал Королеву после инцидента на ТВ





Rss.plus
Россия

Юрист Лебедева: законы о работе онлайн-магазинов в России необходимы уже давно




Выплата детям-инвалидам в Подмосковье стала проактивной

Путин объяснил, почему решил поменять министра обороны посреди СВО

Ecoplatform и Самолет продолжат свою совместную экологическую инициативу

В Чехове на торгах зафиксировали рекордную стоимость участка для ведения ЛПХ




Мигранти од Авганистан, Пакистан и Иран загинаа во Турција

SlobodnaEvropa.mk 

Мигранти од Авганистан, Пакистан и Иран се меѓу загинатите 17 лица во сообраќајна несреќа во источна Турција. Според турските власти, во несреќата во Игдир биле повредени и 36 лица. Градоначалникот Енвер Унлу изјави дека комбе преполно со мигранти се удрило во светлосен столб и се запалило. Некои од жртвите умреле при сударот а некои биле прегазени од друго комбе кое исто така пренесувало мигранти. Медиуми јавија дека тие нелегално влегле во државата од Иран.

Во израелски напад убиен палестински фармер

SlobodnaEvropa.mk 

Палестинските власти соопштија дека еден фармер загинал, а едно лице е повредно од тенковски гранати во услови на зголемени тензии пред најавените протести кои треба да се одржат на границата со Израел. Израелската војска одби да го коментира случајот. Палестинците во Појасот Газа планираат да започнат протест со шатори во траење од шест недели во близина на границата со Израел на кои ќе бараат на палестинските бегалци да им се овозможи да се вратат дома. Израелската војска го зголеми обезбедувањето на границата. Читать дальше...

Нацрт - спогодбите на Македонија и Грција пред Нимиц

SlobodnaEvropa.mk 

Во Виена денеска се одржува нова рунда разговори за спорот за името меѓу шефовите на македонската и на грчката дипломатија Никола Димитров и Никос Коѕијас и медијаторот Метју Нимиц. Двајцата министри ги претставуваат нацрт спогодбите на двете земји пред медијаторот Нимиц.

ВМРО-ДПМНЕ се оттргнува од руската прегратка

SlobodnaEvropa.mk 

Јасни се позициите на Македонија, кои се темелат на нашиот национален и државен интерес, а тоа е НАТО и ЕУ, вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски. Тој не ги коментира позициите на Русија во однос на нивната партија. Аналитичарите оценуваат дека претходното раководство имало блиски односи со Москва.

Димитров и Коѕијас ќе се сретнат со Нимиц

SlobodnaEvropa.mk 

Министрите за надворешни работи на Македонија и на Грција Никола Димитров и Никос Коѕијас денеска во Виена ќе имаат средба со медијаторот Метју Нимиц, на нова рунда преговори за спорот за името меѓу двете земји. Димитров и Коѕијас, во пресрет на средбата со посредникот на ОН, како и минатиот пат, разговорите ги почнаа со неформална работна вечера. Тие претходно повторија дека сакаат да се најде компромис и конечно да се реши спорот.  Позицијата на Грција е сложено име со географска одредница, за... Читать дальше...

Тачи: последните настани во Митровица оркестрирани од Србија

SlobodnaEvropa.mk 

Апсењето на директорот на српската владина Канцеларија за Косово и Метохија, Марко Ѓуриќ, во понеделникот во Косовска Митровица, е оркестрирано од Србија, со цел да се создаде „комплицирана состојба“, изјави синоќа косовскиот претседател Хашим Тачи. Убеден сум дека она што се случи последните денови на северот беше за да се подготви сценарио планирано од Србија, нагласи Тачи. Според него, српскиот претседател Александар Вучиќ „му наредил на Ѓуриќ да дојде во Косово“. Кога станува збор за некои... Читать дальше...



Москва

Стоматолог Татьяна Сумцова: какие зубные пасты вредны для зубов


Губернаторы России

103news.net – это самые свежие новости из регионов и со всего мира в прямом эфире 24 часа в сутки 7 дней в неделю на всех языках мира без цензуры и предвзятости редактора. Не новости делают нас, а мы – делаем новости. Наши новости опубликованы живыми людьми в формате онлайн. Вы всегда можете добавить свои новости сиюминутно – здесь и прочитать их тут же и – сейчас в России, в Украине и в мире по темам в режиме 24/7 ежесекундно. А теперь ещё - регионы, Крым, Москва и Россия.

Moscow.media
Москва

Неделя мэра: завод «Москвич», гранты для школ искусств и система городских вокзалов



103news.comмеждународная интерактивная информационная сеть (ежеминутные новости с ежедневным интелектуальным архивом). Только у нас — все главные новости дня без политической цензуры. "103 Новости" — абсолютно все точки зрения, трезвая аналитика, цивилизованные споры и обсуждения без взаимных обвинений и оскорблений. Помните, что не у всех точка зрения совпадает с Вашей. Уважайте мнение других, даже если Вы отстаиваете свой взгляд и свою позицию. 103news.com — облегчённая версия старейшего обозревателя новостей 123ru.net.

Мы не навязываем Вам своё видение, мы даём Вам объективный срез событий дня без цензуры и без купюр. Новости, какие они есть — онлайн (с поминутным архивом по всем городам и регионам России, Украины, Белоруссии и Абхазии).

103news.com — живые новости в прямом эфире!

В любую минуту Вы можете добавить свою новость мгновенно — здесь.

Музыкальные новости

Тимати

Певец ЮрКисс заявил, что никогда не хотел совместного трека с Тимати




Спорт в России и мире

Алексей Смирнов – актер, которого, надеюсь, еще не забыли

Инсайты, стратегии и нетворкинг для профессионалов: 21 июня пройдет ежегодный форум «Спорт и Бизнес»

Строительные леса обрушились у здания спортшколы на Новочеремушкинской улице

Семьи из Подмосковья поборются за выход в финал конкурса «Это у нас семейное»


Новак Джокович

Новак Джокович низко оценил свою готовность к «Ролан Гаррос» и Олимпиаде-2024



Новости Крыма на Sevpoisk.ru


Москва

Армяне России поддерживают движение «Тавуш во имя Родины»



Частные объявления в Вашем городе, в Вашем регионе и в России