Шест годишно девојче жртва на бомбашки напад во Авганистан
Авганистанските власти соопштија дека во експлозија на автомобил бомба во источен Кабул загинало шест годишно девојче, а 14 лица биле повредени. Според полицијата, целта на нападот бил конвој на странски сили. Се уште никој не презема одговорност за нападот.