Одобрени 5,7 милијарди евра кредитна помош за Грција
Грција добила одобрение од меѓународните кредитори за нова и последна транша кредитна помош од 5,7 милијарди евра, во рамките на програмата која формално ќе биде завршена во август, соопшти грчкото Министерството за финансии.
Оттаму наведуваат дека префрлањето на 5,7 милијарди евра ќе биде извршено до средината на март, а тоа треба да го одобрат парламентите на држави кај кои е потребна процедура, се вели во соопштението.
Со тоа, формално завршува третиот круг евалуација на грчките реформи наметнати во замена за финансиска помош од јули 2015 година.