Русија и Украина со размена на заробени гранични чувари
Русија и Украина направиле размена на заробени гранични чувари. Нивната размена се случила денеска во близина на контролниот пункт Хоптивка кој се наоѓа на границата меѓу двете земји.
Украинскиот претседател Петро Порошенко ја поздрави веста и на Фејсбук напиша дека властите ќе продолжат да прават се што е во нивна моќ за да го обезбедат ослободувањето на другите државјани на земјата кои се заробени од страна на проруските бунтовници, кои ја имаат контролата врз источна Украина.
Руската Федерална служба за безбедност потврди дека ослободила двајца гранични чувари кои исчезнаа во октомври, минатата година и кои биле притворени поради тоа што нелегално ја преминале границата. Киев исто така ослободи двајца руски гранични чувари кои биле притворени во јули, минатата година.