Продолжуваат разговорите за проблемот со брашното
![Продолжуваат разговорите за проблемот со брашното](https://gdb.rferl.org/5CCAAAC0-E782-41D4-B1A8-6227569CBD18_cx19_cy11_cw75_w800_h450.jpg)
Викендов треба да продолжат разговорите за проблемот со увозот на брашното од Србија во Македонија. Српскиот министер за трговија, туризам и телекомуникации Расим Љајиќ вчера изјави дека со македонскиот министер за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски не постигнале согласност околу повлекувањето на спорниот Правилник за обележување на брашното и затоа беше одложен нивниот состанок во Скопје. Љајиќ најави дека усогласувањата ќе продолжат во текот на викендот.
Тој предупреди и дека ќе се воведат контрамерки, ако не се постигне заеднички прифатливо решение што ќе биде на штета на стопанствениците од двете страни, а ќе бидат загрозени и билатералните односи меѓу Србија и Македонија.
Откако македонската влада донесе нов правилник за увоз на брашно со што се поскапува таа постапка, Србија се закани дека ќе воведе контрамерки за увоз на сите македонски земјоделски и прехранбени производи.