Руски авион се урна во Сирија, 32 жртви
![Руски авион се урна во Сирија, 32 жртви](https://gdb.rferl.org/13950470-1C65-45F6-8FE5-4CB6A4477196_w800_h450.jpg)
Руски транспортен авион се урна во близина на воздушната база Хмеимим во Сирија при што загинаа сите 32 патници. Руски медиуми јавија дека 26 патници и 6 членови на екипажот загинале кога транспортниот авион се урнал при слетувањето во базата.
Според нив, несреќата најверојатно е предизвикана од техничка грешка. Медиумите цитираат извори од Министерството за одбрана, според кои, немало пријавен напад врз авионот.