Пожарот во центар за рехабилитација во Азербејџан предизвикан од пациент
![Пожарот во центар за рехабилитација во Азербејџан предизвикан од пациент](https://gdb.rferl.org/D7A07FBC-7D59-4AC8-959F-0E4DFF1EAA6B_w800_h450.jpg)
Властите на Азербејџан соопштија дека пожарот во центарот за рехабилитација од употреба на наркотици во Баку при кој загинаа повеќе од 25 лица на 2 март бил предизвикан од обид за самоубиство, при што осомничениот за случајот е уапсен.
Според обвинителството, пациентот Махамад Мамадов кој не сакал да биде лекуван во центарот го предизвикал пожарот. Тој е обвинет за убиство и за уништување на имот.