Шепс и Митревска во „Женски приказни“ на Македонска филхармонија
![Шепс и Митревска во „Женски приказни“ на Македонска филхармонија](https://gdb.rferl.org/811177D7-8C98-4BAF-A996-C42628A220BF_cx0_cy38_cw0_w800_h450.jpg)
„Женски приказни“ е насловен симфонискиот концерт, што во четврток на 8 март, на Меѓународниот ден на жената, ќе го одржи Македонската филхармонија. Солист во изведбата на бетовеновиот Концерт за пијано и оркестар бр. 3 ќе биде извонредната пијанистка Олга Шепс од Германија, а со оркестарот ќе диригира нашата Елена Митревска која кариерата успешно ја гради на европските сцени.