Одложено рочиштето за Грујевски и Бошковски поради правни прашања
![Одложено рочиштето за Грујевски и Бошковски поради правни прашања](https://gdb.rferl.org/25D013F2-0B3F-4A9D-A3DE-0ECFF4D87CB0_cx0_cy4_cw0_w800_h450.jpg)
Рочиштето на кое Врховниот суд во Атина одлучува по жалбата за одлуката за екстрадиција на поранешниот началник во УБК Горан Грујевски и неговиот колега Никола Бошковски е одложено за 26 април пoрaди прaвни прaшaњa. Наредното рочиште како и денешното ќе се одвива зад затворени врати по барање на одбраната поради безбедноста на Грујевски и Бошковски и поради тоа што во нивниот исказ ќе има прашања кои се доверливи.
За Грујевски и Бошковски во Грција се водат три различни и меѓусебно неповрзани процеси. Едниот е за фалсификуваните пасоши со кои беа фатени на солунскиот аеродром, другиот е по поднесеното барање за азил на 29 ноември, а третиот случај е по македонското барање за екстрадиција.