Живнувањето на економијата зависи од политичката состојба
![Живнувањето на економијата зависи од политичката состојба](https://gdb.rferl.org/491E1DFD-1C49-41AE-9783-BD3793F1F57B_cx0_cy5_cw0_w800_h450.jpg)
Позитивните податоци за раст на БДП во земјата во последниот квартал се добар знак за македонската економија, но не и гаранција дека земјата ќе го оствари проектираниит раст од 3,2 проценти годинава, велат економистите. Предупредуваат дека политичките потреси дома негативно ќе се рефлектираат на економијата.