Османи по јуни се надева на започнување преговори со ЕУ
Вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи денеска во Секретаријатот за европски прашања се сретна со австриска делегација предводена од Клаус Велфер, шеф на Секторот за Западен Балкан и проширување на ЕУ при австриското Министерство за Европа, интеграција и надворешни работи, а во чиј состав беа и амбасадорите на Австрија во земјите од регионот. Средбата е пред јунското преземање на Австрија со претседавањето со ЕУ.
„Ако претседателството на Бугарија со Советот за ЕУ за нас претставуваше еден вид отскочна даска за враќање на земјава на европскиот колосек, наша интенција е за време на претседателствувањето на Австрија да ги започнеме преговорите за полноправно членство во Унијата“, изјави Османи.