Легендарните СОФТ МАШИН во Станица 26
СОФТ МАШИН, пионерите на британската андеграунд сцена од 1960-те, за првпат ќе ги видиме и чуеме во Скопје. Концертот на бендот што ги постави стандардите за прогресивен, експериментален и психоделичен рок и џез-рок, во организација на 3 Гонга, е предвидено да се одржи оваа среда, на 14 март во 21 часот, во клубот Станица 26.