Турција: Неколку пратеници се степаа во парламентoт
![Турција: Неколку пратеници се степаа во парламентoт](https://gdb.rferl.org/6D06B4D6-C1D6-4681-9EA2-216FEE8BD34B_w800_h450.jpg)
Во парламентот на Турција денеска се случи тепачка меѓу пратеници од власта и опозицијата, веднаш по изгласувањето на измените во Изборниот закон, за кои опозиционерите тврдат дека ќе доведат до изборни измами.
По усвојувањето на измените во Изборниот закон, почна расправија меѓу националистичките пратеници и опозицијата. Неколкумина пратеници се степаа, јавуваат турски медиуми.
Со измените е овозможено Високата изборна комисија да спојува избирачки окрузи и да префрла избирачки кутии во други окрузи. Ливчињата на кои нема печат од Изборната комисија и понатаму ќе бидат важечки.
Припадници на силите за безбедност ќе може да влезат на избирачко место по повик на избирач.