Ердоган очекува турската армија вечерва да го освои Африн
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека турската армија и нејзините сојузници до вечерва ќе преземат целосна контрола врз градот Африн во северозападна Сирија.
Во обраќање пред членовите на локалната администрација во Анкара тој порача дека е воспоставен специјален коридор за евакуција на цивилите од градот. Турската армија вчера соопшти дека заедно со сојузниците целосно го опколиле Африн.