Собранието го изгласа Законот за јазиците во тензична атмосфера
Со 64 гласа „за“ и ниту еден против или воздржан, Собранието попладнево го изгласа Законот за јазиците во трето читање. За Законот гласаа и пратениците од немнозинските заедници кои со 24 гласа го донесоа Законот.
Додека пратениците од мнозинството гласаа, опозицијата негодуваше, се собраа пратеници пред говорницата, викаа, фрлаа хартии, а неколку пратеници, меѓу кои и поранешниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, отидоа зад говорницата до претседателот на Собранието, Талат Џафери, и се расправаа со него, по што Џафери ја затвори седницата. Реагираше и обезбедувањето кое го штитеше пратседателот на Собранието и тој со обезбедувањето излезе од салата.
Но и потоа пратениците од ВМРО-ДПМНЕ извикуваа дека законот не е донесен и негодуваа, а Џафери накратко дојде и им рече дека законот е донесен. За законот се гласаше без да се разгледуваат над 35 илјади амандмани поднесени од ВМРО-ДПМНЕ. Седницата неколкупати беше прекинувана со паузи.