Џафери: Иванов е должен да го потпише указот за Законот за јазици
![Џафери: Иванов е должен да го потпише указот за Законот за јазици](https://gdb.rferl.org/5401BE60-3FB1-4005-8C8F-312E1B213866_cx7_cy0_cw87_w800_h450.jpg)
Претедателот на Собранието Талат Џафери изјави денеска дека претедателот Ѓорге Иванов ќе ги прекрши уставните одредби доколку не го потпише указот за прогласување на Законот за јазиците. Тој не сакаше да коментира што ќе се случи ако Иванов да не го потпише законот.
Според него, членот 75 од Уставот е јасен, односно по повторно гласање со мнозинство гласови во Собранието, претседателот е должен да го потпише указот за прогласување на законот.