Сослушани тројца сведоци за „Тенк“, отсутен четвртиот сведок
На денешното рочиште за предметот „Тенк“ на СЈО беа сослушани тројца сведоци за набавката на луксузниот мерцедес од 600 илјади евра. По нивните искази, судењето беше прекинато поради неприсуство на четвртиот сведок.
Во случајот обвинети се поранешниот премиер Никола Груевски, поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска и поранешниот помошник министер во МВР Ѓоко Поповски. Следното рочиште е закажано за 21 март.