Османи тврди дека не е прекршена процедурата за Законот за јазици
![Османи тврди дека не е прекршена процедурата за Законот за јазици](https://gdb.rferl.org/1A909691-34FA-438F-BE92-1FB9BAD5C17A_w800_h450.jpg)
Вицепремиерот задолжен за европски прашања Бујар Османи денеска изјави дека во ниту еден дел не е прекршена процедурата при носењето на Законот за употреба на јазиците. Според него, согласно Уставот, амандмани не може да се поднесуваат на еднаш изгласан закон и претседателот Ѓорге Иванов е должен да го потпише указот.
Тој порача и дека Македонија завршила едно важно поглавје од својата историја и денес повеќе од кога било е унифицирана и заедничка во своите предизвици за чекорење кон ЕУ и кон НАТО.