Ѕанакопулос: Преговорите за името со интензивен ритам и на позитивен пат
Портпаролот на грчката Влада, Димитрис Ѕанакопулос денеска изјави дека преговорите за името продолжуваат со интензивен ритам и дека се чекори по еден доста позитивен пат.
На денешниот брифинг со новинарите, тој не го откри конкретниот датум, кога шефот на грчката дипломатија Никос Коѕијас ќе го посети Скопје. Коѕијас уште еднаш ги повтори позициите на Грција дека е за сложено име, ерга омнес, за севкупна употреба.