Заев: Со Законот за употреба на јазиците не губи никој
![Заев: Со Законот за употреба на јазиците не губи никој](https://gdb.rferl.org/4FB2119E-66F2-4560-AE5D-FD106D08CC6C_cx49_cy5_cw48_w800_h450.jpg)
Премиерот Зоран Заев во видео обраќање порача усвојувањето на Законот за употреба на јазиците е сериозен придонес во концептот на градење на општество еднакво за сите. Според него, законот целосно е во согласност со Уставот и амандманот 5.
„Со унапредување на правата за употреба на јазиците не губи никој, туку се овозможуваат услови за подобра комуникација меѓу граѓаните и институциите. Непречената комуникација на граѓаните е цивилизациска придобивка“, наведува Заев.
Тој порача и дека законот истовремено ја гарантира соодветната употреба на македонскиот јазик.