Косово ќе се обиде да ја ратификува демаркацијата со Црна Гора идната недела
Седницата на косовскиот парламент, на чиј дневен ред ќе биде ратификацијата на Договорот за демаркација на границата со Црна Гора е закажана за 20 март во 16 часот, потврди претседателот на парламентот Кадри Весели по средбата со Претседателството на законодавниот дом. Тој додаде дека на 20 март конечно ќе биде заокружено ова прашање, но не одговори дали се обезбедени потребниот број гласови за да помине демаркацијата,туку кусо рече дека има „целосен консензус“ за тоа.
И премиерот Рамуш Харадинај, како и Весели рече дека седницата е закажана за 20 март, но и тој не прецизираше дали се обезбедени потребните 80 гласови.
“За мене тоа ниту било ниту сега е лесен процес.Но, не можам да продолжам да гледам мојот народ да биде изолиран и блокиран,како што е сега“, изјави Харадинај.
Додава дека во овој процес со Црна Гора зачуван е територијалниот интегритет на Косово, со можност за корекции во правецна Чакор и Кула. Министерката за европска интеграција, Дурата Хоџа,деновиве порача дека доколку договорот за демаркација на границата со Црна Гора не биде ратификуван под итно, визната либерализација нема да се случи пред 2020 година.