Приведен поранешниот директор на СОЗР
![Приведен поранешниот директор на СОЗР](https://gdb.rferl.org/17E32B02-1676-4CAF-B1A2-B4D07DF2944D_cx62_cy22_cw38_w800_h450.jpg)
Финансиската полицијата го привела Васе Доневски поранешен директор на Службата за општи и заеднички работи на Владата на РМ (СОЗР), објавија вечерва дел од медиумите.
Повикувајќи се на извори од Управата за финансиска полиција наведуваат дека Доневски е приведен и е на распит поради сомнежи за злоупотреба на службената положба за времето додека бил директор на службата.
Од Управата за финансиска полиција и од МВР засега нема потврда за приведувањето поранешниот директор на СОЗР. Од Управата за утре најавуваат прес-конференција на директорот Арафат Муареми, на која тој ќе информира за предмет кој се однесува на злоупотреба на службена положба и овластување од страна на поранешен функционер.