Пармаковска: Конечно можам да го пуштам „Одбројување“ на слобода
![Пармаковска: Конечно можам да го пуштам „Одбројување“ на слобода](https://gdb.rferl.org/D9BFBB5E-487D-4F30-A700-14D682236741_w800_h450.jpg)
Во конкуренција од 27 дела, „Одбројување“, ненаметливо раскажаната потресна семејна драма од едно современо скопско секојдневие на Фросина Пармаковска, објавен од издавачката куќа „Или-Или“, е добитник на наградата „Роман на годината“ за 2017 година. Престижното признание од оваа година го доделува новоформираната Фондација за промоција и унапредување на културните вредности „Славко Јаневски“.