Заев: Уставниот суд и Венецијанската комисија да се изјаснат за Законот за јазици
![Заев: Уставниот суд и Венецијанската комисија да се изјаснат за Законот за јазици](https://gdb.rferl.org/4FB2119E-66F2-4560-AE5D-FD106D08CC6C_cx52_cy5_cw44_w800_h450.jpg)
Премиерот Зоран Заев денеска повторно порача дека Законот за употреба на јазиците нема ништо да се промени во Македонија и нема да ја наруши нејзината заедничка иднина. Тој апелираше Уставниот суд и Венецијанската комисија да се изјаснат по него.
Одлуката на претседателот Ѓорге Иванов да не го потпише законот, како што наведе Заев, е „флагрантно кршење на Уставот, но и кукавичлук“. Според него, законот не бил изгласан скришно и заткулисно, туку девет месеци била отворена дебата.