Марко Коловски – добитник на наградата за животно дело „Трајко Прокопиев“
![Марко Коловски – добитник на наградата за животно дело „Трајко Прокопиев“](https://gdb.rferl.org/1DE03754-1520-437E-AD3A-76B264FF6CAA_cx0_cy6_cw0_w800_h450.jpg)
Музикологот, публицист, новинар и општественик Марко Коловски, е годинешен добитник на наградата „Трајко Прокопиев“, која претставува највисоко признание кое го доделува Сојузот на композиторите на Македонија на музички творци и проследувачи за долгогодишни значајни остварувања во областа на музичкото творештво и музикологијата.