Претседателски избори во Русија, Путин очекува четврти мандат
Гласачите во Русија денеска се упатуваат кон гласачките места на претседателските избори, на кои се чини дека сигурно претседателот Владимир Путин ќе го обезбеди својот четврти мандат.
Пуштајќи го своето гласачко ливче на претседателските избори во Русија, Владимир Путин рече дека ќе ја разгледа излезноста на гласачите којашто ќе му овозможи на претседателот ги исполни своите должности со успех.
65-годипниот Путин јава на бранот на поттикнатата владината популарност на четврттата годишнина од анексијата на украинскиот Полуостров Крим и поради воената интервенција во Сирија, каја на државната телевизија се претставува како патриотски успех.
Изборите доаѓаат во услови кага односите на Русија со Британија се многу затегнати, по труењето со нервен гас на поранешниот руски шпион Сергеј Скрипал во Сасбјури за што Лондон ја обвинува Москва.