Ердоган: Африн е под целосна контрола на сириските бунтовници
![Ердоган: Африн е под целосна контрола на сириските бунтовници](https://gdb.rferl.org/7D081368-F5EB-4838-A72F-B0C416288DD2_w800_h450.jpg)
Центарот на сирискиот град Африн веќе е целосно под контрола на сириските борци поддржани од Анкара, изјави Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган.
Портпарол на Слободната сириска армија Мохамад ал Хамдин исто така изјави дека сириските бунтовници поддржани од Турција влегле денеска во градот Африн и презеле контрола врз дел од градот откако курдските Сили за заштита на народот се повлекле. Според него, борците на Слободната сириска армија не наишле на отпор.
Сирискиот центар за човекови права соопшти дека турската армија и сојузниците сириски бунтовници зазеле два кварта од градот Африн, но борби траат и понатаму,