Британија ја обвини Русија за складирање на нервни токсини
Британскиот министер за надворешни работи Борис Џонсон ја обвини Русија за складирање на нервен гас, кој се верува дека употребен врз рускиот двоен шпион и неговата ќерка.
Денешните коментари на Џонсон доаѓаат еден ден во пресрет на планираната посета на Британија од страна на меѓународни експерти за хемиско оружје, кои ќе го истражат труењето на Сергеј Скрипал и неговата ќерка Јулија, кои од 4 март се критично болни од нервен токсин.
Британија соопшти дека употребениот нервен токсин е еден од серијата нервни агенси кои биле развиени во доцната советска ера и се познати по заедничко име „Новичок.“ Британските претставници велат дека Русија стои зад труењето на Скрипал, тврдења кои Москва ги отфрла.
„Моментално имаме докази дека минатите 10 години Русија, не само што ја истражува испораката на нервни токсини за целите на атентатот, но дека исто така создава и складира Новичок.“
Рускиот амбасадор во Европската унија Владимир Чижов за Би-Би-Си изјави дека Русија го прекинала производството на било какови хемиски агенси уште во 1992 година и дека британска истражувачка устанува би можела да биде извор на токсинот кои бил искористен за труењето на Скрипал.