Прелиминарни резултати: Путин го освои четвртиот претседателски мандат
![Прелиминарни резултати: Путин го освои четвртиот претседателски мандат](https://gdb.rferl.org/8D7E6EB5-F166-4F95-9A03-045047D0FC7E_cx0_cy2_cw0_w800_h450.jpg)
Рускиот претседател Владимир Путин се движи кон убедлива победа на Претседателските избори и покрај извепштаите за бројни избрни прекршувања на избирачките места ширум земјата.
Резултатите од Централната изборна комисија по затворањето на избирачките места покажуваат дека со изброени 30 отсто од гласачките ливчиња, Путин освоил 73 проценти со што ќе му биде предадан четвртиот мандат.
Анкетите на двата главни истражувачи на јавното мислење покажуваат дека Путин освоил повеќе од 73 отсто од гласовите.
Централната изборна комисија по затворањето на избирачките места соопшти дека на второ место според освоените гласови е лидерот на Комунистичката партија Павел Грудинин со 15,7 отсто. Потоа следуваат Владимир Жириновски со 6,9 проценти од гласовите и новинарката Ксенија Собчак со 1,3 отсто. Останатите четири кандидати имаат помалку од еден процент освоени гласови.