ОБСЕ оцени дека немало конкуренција на изборите во Русија
![ОБСЕ оцени дека немало конкуренција на изборите во Русија](https://gdb.rferl.org/8A7625F1-EC20-44CC-8ABF-557ED8CDFA77_cx0_cy10_cw0_w800_h450.jpg)
ОБСЕ соопшти денеска дека на претседателските избори во Русија недостасувала вистинска конкуренција, при што гласачите немале вистински избор.
"Ограничувањата на основните слободи на собирање, здружување и израз го ограничија просторот за политички ангажман и резултираа со недостаток на вистинска конкуренција", изјави Мајкл Георг Линк, специјалниот координатор и лидер на краткорочната набљудувачка мисија на ОБСЕ во Русија.
Според Линк, мисијата на ОБСЕ смета дека изборите биле уредни и ефективно спроведени до страна на изборната комисија.