Жбогар очекува Законот за јазици да ги подобри односите меѓу заедниците
![Жбогар очекува Законот за јазици да ги подобри односите меѓу заедниците](https://gdb.rferl.org/B2090782-3335-4419-9ED2-1C7A74E4BB87_cx26_cy3_cw39_w800_h450.jpg)
Евроамбасадорот Самуел Жбогар денеска изјави дека донесувањето на Законот за јазици ќе ги подобри односите меѓу зедниците и ќе ја врати земјата на реформската агенда. Според него, ЕУ е оптимист во спроведувањето на законот и очекува тој да биде испратен до Венецијанската комисија.
Тој на прес конференцијата по посетата на Гостивар порача и дека законот е важен за Албанците кои на него гледаат како последниот чекор, кој произлегува од Охридскиот рамковен договор. Жбогар смета дека со донесувањето на законот, Албанците се чувствуваат поценети и прифатени во општеството и самата земја.
Во однос на спорот за името, тој наведе дека преговорите со Грција одат во добра насока, а ЕУ нема да се ангажира директно врз процесот.