ЕУ ќе бара начин за подобра комуникација меѓу земјите членки
![ЕУ ќе бара начин за подобра комуникација меѓу земјите членки](https://gdb.rferl.org/70C98DA9-DF6A-44DF-BADA-E637D507E870_w800_h450.jpg)
Лидерите на ЕУ ќе барат од шефицата за надворешна политика Федерика Могерини да најде начин за подобрување на стратешката комуникација, контраразузнавањето и сајбер одбраната меѓу земјите членки по нападот со нервен гас на поранешниот руски шпион Сергеј Скрипал и неговата ќерка Јулија во британскиот град Салсбери.
Тие се согласиле оти ЕУ мора да ја зајакне својата отпорност кон хемиски, биолошки, радиолошки и нуклеарни ризици, преку поблиска соработка меѓу земјите членки и НАТО. Во драфт заклучокот се повикува Могерини да го пријави напредокот по прашањата пред самитот во јуни.