Русија предупредува на негативни последици од влезот на Македонија во НАТО
![Русија предупредува на негативни последици од влезот на Македонија во НАТО](https://gdb.rferl.org/A9C762AF-330E-4357-A630-6E1E28E2010A_cx0_cy10_cw0_w800_h450.jpg)
Рускиот заменик министер за надворешни работи Александар Грушко денеска се сретнал со македонскиот амбасадор во земјата, Гоце Карајанов. Според соопштението на руското МНР, тие разговарале за билатерални прашања и размениле мислења за ситуацијата на Балканот.
Руската страна, како што е наведно, посочила дека смета оти плановите за членство на Македонија во НАТО може да имаат негативни последици врз регионалната безбедност и билатералните односи.
Двете страни ја навеле и нивната подготвеност да продолжат со соработка во областите од заеднички интерес и ја истакнале важноста од продолжување на работата на руско-македонската меѓувладина комисија за трговија, економија, наука и технологија.