Деветмина убиени во бомбардирање на бегалски камп во Сирија
Најмалку девет луѓе загинале во воздушни напади врз бегалски камп во северна Сирија, наведуваат спасувачите и активистите. Спасувачите од Сириската граѓанска одбрана, познати како Бели шлемови, наведуваат дека нападот врз кампот кај Марат ал-Нуман во провинцијата Идлиб и изведен вчера. Засега не е познато кој го извршил нападот во областа која е под контрола на опозицијата.
Сириската опсерваторија за човекови права со седиште во Лондон наведува дека во нападот биле убиени три жени, четири деца и двајца мажи. На видео снимката која ја објавија Белите шлемови се гледа чад од превртено, изгорено возило во кампот, меѓу урнатите шатори и расфрланата облека и лични работи.