Манчевски со „Бикини Мун“ како потрага по нашиот однос кон вистината
![Манчевски со „Бикини Мун“ како потрага по нашиот однос кон вистината](https://gdb.rferl.org/E64C8868-C848-48F8-9C2B-9D1DB207B5B4_cx0_cy14_cw0_w800_h450.jpg)
Во скопското кино „Милениум“, в четврток, на 22 март во 20 часот, ќе се случи македонската премиера на „Бикини Мун“, првиот американски филм на режисерот Милчо Манчевски. Оваа модерна мрачна бајка на македонскиот автор говори за искршениот идеал на модерното семејство, но и за изгубената приватност во светот окупиран од камери, мобилни телефони и сеприсутните социјални мрежи.