Убиени 26 лица во напад на џамија во Авганистан
![Убиени 26 лица во напад на џамија во Авганистан](https://gdb.rferl.org/6FE7C5A7-3ACE-4FAA-9D52-37DF28FDFFA9_cx0_cy9_cw0_w800_h450.jpg)
Авганистанските власти соопштија дека во самоубиствен бомбашки напад пред џамија во Кабул загинале 26 лица, а 18 биле повредени. Нападот се случил додека се одвивала прославата на Норуз, персиската Нова година. Напаѓачот, според локалните власти, бил забележан од полицијата пред да влезе на собирот во џамијата и затоа го детонирал експлозивот пред објектот.