Британскиот амбасадор во Русија не присуствува на брифингот за Скрипал
Британскиот амбасадор во Москва нема да присуствува на брифингот на руското министерство за надворешни работи за нападот на поранешниот шпион Сегеј Скрипал и неговата ќерка Јулија во Салсбери.
Министерството ги покани амбасадорите на брифингот со цел да разговараат за обвинувањата на Британија дека Русија стои зад нападот. Портпаролот на британската амбасада во Русија соопшти дека размислуваат дали да пратат некој претставник од амбасадата. Русија негира дека е одговорна за нападот со нервен гас кој бил развиен за време на Студената војна.