На продажба најголемата медиумска групација во Турција
![На продажба најголемата медиумска групација во Турција](https://gdb.rferl.org/7B8DD326-F3C4-4B06-BC2B-3790AEF56D4C_cx0_cy8_cw0_w800_h450.jpg)
Турската компанија „Доган холдинг“ денеска соопшти дека започнала преговори за продажба на најголемата медиумска групација во земјата на „Демирорен холдинг“, чиј сопственик е близок до претседателот Реџеп Таип Ердоган.
„Доган холдинг“ е сопственик на весникот Хуриет, како и на телевизијата Си-Ен-Ен Турк. Се стравува дека со продажбата ќе се зголеми контролата на власта врз медиумите.