Поради сомнителен пакет евакуирана зградата на „Кембриџ Аналитика“
![Поради сомнителен пакет евакуирана зградата на „Кембриџ Аналитика“](https://gdb.rferl.org/AF1C9C24-EFEC-4B74-AD91-90A77066C8BA_cx0_cy3_cw0_w800_h450.jpg)
Пронајден е сомнителен пакет во близина на седиштето на компанијата „Кембриџ Аналитика“ во Лондон, поради што беа затворени околните улици и евакуирана зградата, соопшти денеска Британската полиција.
Полициските служби истакнаа дека до сега не е пријавено дека има повредени, а оти зградата е евакуирана поради претпазливост.
Канцеларијата на компанијата „Кембриџ Аналитика“ во Лондон се наоѓа во улицата „Њу Оксфорд“, една од главните шопинг улици во Велика Британија.
Консултанската фирма „Кембриџ Аналитика“ е под истрага во Велика Британија за користење на лични податоци на корисници на Фејсбук за да направи профили на американските гласачи пред изборите за претседател на САД во 2016 година.