Променливо облачно време со дожд и снег на планините
![Променливо облачно време со дожд и снег на планините](https://gdb.rferl.org/D8450611-1DA9-45C2-BE6A-4EC79694B26E_w800_h450.jpg)
Времето денеска ќе биде променливо облачно, попладне и во ноќните часови со врнежи од дожд, на повисоките места од дожд и снег, на планините од снег. Пообилни врнежи ќе има во западните и јужните делови.Утринската температура се движи од минус пет до три степени, а дневната температура од нулата до 10 степени. Во Скопје ќе биде променливо облачно, попладне и во ноќните часови со врнежи од дожд.