Руски дипломати протерани од САД и 14 земји членки на ЕУ
![Руски дипломати протерани од САД и 14 земји членки на ЕУ](https://gdb.rferl.org/9C33CA28-98C2-4601-8B9B-146B58B1A8EA_w800_h450.jpg)
Американскиот претседател Доналд Трамп наредил протерување на околу 60 руски дипломати од земјата и го затворил рускиот конзулат во Сиетл поради нападот со нервен гас на поранешниот двоен агент Сергеј Скрипал и неговата ќерка Јулија во Англија, а таков чекор најавија и 14 земји членки на ЕУ и Украина.
Според американските власти, меѓу протераните лица се и 12 руски разузнавачи од мисијата на земјата во седиштето на ОН во Њујорк, бидејќи нивните активности биле агресивни.
Меѓу земјите кои најавија протерување на руски дипломати во знак на солидарност со Британија се Германија, Чешка, Данска, Франција, Летонија, Литванија, Холандија и Полска. Претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск изјави дека не се исклучуваат и дополнителни мерки против Русија.
Украина која не е земја членка на ЕУ ќе протера 13 руски дипломати. Британија ја обвинува Русија за труење на Скрипал и неговата ќерка. Русија негира одговорност за случајот.