Протести по пожарот во рускиот град Кемерово
![Протести по пожарот во рускиот град Кемерово](https://gdb.rferl.org/509EA03B-4601-4781-8D69-AC4C6414CAB9_cx0_cy10_cw0_w800_h450.jpg)
Илјадници луѓе излегоа на протести во сибирскиот град Кемерово на кои побараа оставка од регионалните власти како и одговори за пожарот во трговски центар при кој загинаа 64 лица, од кои повеќето деца.
Демонстрантите носеле транспаренти испишани со зборовите „Корупцијата убива“, „Оставка“ и „Кажете ја вистината“. Рускиот претседател Владимир Путин кој го посети градот вети дека одговорните ќе бидат казнети.