Еврозоната одобри транша од 6,7 милијарди евра за Грција
![Еврозоната одобри транша од 6,7 милијарди евра за Грција](https://gdb.rferl.org/F1202AAA-F734-454E-AECD-E90E47ED8043_w800_h450.jpg)
Еврозоната ќе и префрли на Грција 6,7 милијарди евра за програмата за финансиска помош на државата. Европскиот механизам за стабилност соопшти дека е одобрена првата исплата од 5,7 милијарди евра. Таа сума ќе биде исплатена до утре. Останатиот дел од една милијарда ќе и биде исплатен на Грција до 1 мај.