Жбогар со оцена дека се интензивираат преговорите за името
Амбасадорот на Европската унија во Македонија, Самуел Жбогар денеска оцени дека во преговорите за спорот за името постои посветеност и дискусиите се интензивираат што, според него, е добро.
Тој при денешниот престој во Прилеп, одговарајќи на новинарско прашање порача дека гледа оти кај Македонија и Грција постои посветеност за изнаоѓање решение кое ќе биде прифатливо за двете страни. Тој порача дека Европска унија одблиску го следи прашањето и го поддржува процесот.