Ѕанакопулос – Скопје да направи уште неколку чекори до договор за името
Во рамките на грчките позиции за сложено ерга омнес име треба да постои решение, топката сега е на теренот на соседите и треба да направат уште неколку чекори за да стигнеме до договор, вели портпаролот на грчката Влада, Димитрис Ѕанакопулос, во интервју за третиот канал од Солун на грчката државна телевизија ЕРТ. Тој уште еднаш го повтори грчкото барање за уставна ревизија.
Како што јави дописничката на МИА од Атина, Ѕанакопулос смета дека се направени доста чекори со самата промена на „радикалните и националистички ставови на претходните влади во Скопје“, но сепак додава дека постојат прашања кои не се едноставни, а техничката фаза е доста тешка.