Шчербак: Како членка на НАТО може да бидете мета на Русија
Ако Македонија влезе во НАТО, тогаш при евентуална агресија врз Русија, Македонија ќе биде мета на рускиот одговор, рече рускиот амбасадор Олег Шчербак на прес-конференција во Скопје, додавајќи дека членството во НАТО може да има последици по регионалната безбедност и по билатералните односи меѓу двете земји.