Ердоган го тужи опозицискиот лидер Киличдароглу
Претседателот на Турција, Реџеп Тајип Ердоган поднесе тужба против лидерот на главната турска опозициска партија Републиканската народна партија (ЦХП), Кемал Киличдароглу. Ердоган бара отштета од опозицискиот лидер во висина од 63.000 долари за ширење на невистини.
Тужбата е поднесена поради наводите на Киличдароглу дека Ердоган е најблизок, од сите политичари, со имамот Фетулах Ѓулен, кој според турскиот претседател е организатор на неуспешниот државен удар во 2016 година. Адвокатот на Ердоган ги отфрла наводите на Киличдароглу, истакнувајќи дека на сите им било јасно дека турскиот претседател води битка против Ѓулен.