Тројца бугарски министри поднесоа оставка
![Тројца бугарски министри поднесоа оставка](https://gdb.rferl.org/078EE458-6ADA-43AA-A886-5E5B70CA2106_w800_h450.jpg)
Тројца министри од бугарската Влада поднесоа оставка по автобуската несреќа во која загинаа 17 луѓе, а неколкумина се повредени. Претходно, бугарскиот премиер Бојко Борисов ги повика министерот за внатрешни работи, за сообраќај и за регионален развој - Валентин Радев, Ивајло Московски и Николај Наков да поднесат оставки и да преземат политичка одговорност. Оставките на тројцата министри кои ги именуваше партијата на Борисов, ГЕРБ, треба да ги потврди Парламентот. Несреќата се случи пред една недела, кога се преврти автобус и излета од автопатот, на околу 50 километри северно од Софија. На местото на несреќата загинаа 13 лица, а четворица починаа во болница. Причината за несреќата се уште се истражува.